Аријан Адеми запиша рекорд кај Динамо Загреб, тој за шампионот на Хрватска денеска против Феенорд го одигра 77 натпревар во евро-куповите  за „модрите“, го надмина досегашниот рекордер Самир.

Македонскиот репрезентативец има историско постигнување кај Динамо Загреб, Адеми е капитен на екипата, во клубот е  од 2010 година со кој има договор до 2023 година.