Промоцијата на Филипе Кутињо во Баерн се очекува денес, откако фудбалерот пристигна во Минхен, но Адидас истрча пред време и по грешка објави која бројка на дресот ќе ја носи играчот.

Според објавата на компанијата за спортска опрема, Кутињо во дресот на Баерн ќе настапува со бројот 10.

Иако Адидас ја тргна објавата, сепак корисниците на социјалните мрежи го „уловија“ моментот пред истата да биде избришана.