Италијанската фудбалска репрезентација по пласманот на ЕУРО 2020 го посети Ватикан, при што оствари средба со папата Франциск.

Познато е дека папата е голем љубител на фудбалот, а делегацијата на италијанската фудбалска федерација му подари персонализиран дрес.

Новиот зелен дрес на репрезентацијата со презимето на папата, Бергољо, му го врачи селекторот Роберто Манчини.