Холандски Ајакс изнајми автобус и направи фотографија на цела страница во каталонски весник со желба за многу успех на Френки Де Јонг со својата нова авантура во Барселона.

Автобусот, на кој стои голема фотографија од Де Јонг ќе кружи низ каталонскиот град утре, пред официјалното претставување на фудбалерот во својот нов клуб.

Пораката на автобусот и во весникот гласи: „Барселона, уживај во иднината исто како и ние.“

Барселона го обезбеди потписот на Де Јонг уште во јануари годинава, а за 22-годишниот играч од средниот ред ќе му плати на Ајакс 75 милиони евра.