Македонија против Словенија вечерва на арената „Тодор Проески“ ќе атакува на три бода со кои би се доближиле до сонот на цела нација, а тоа е пласман на ЕП 2020.

За тоа да се случи Македонските репрезентативци и фудбалската федерација ги повикуваат граѓаните да дојдат во што поголем број и сонот да стане јаве. Само со полни трибини избраниците на Игор Ангеловски можат да направат чекор напред во обидот да се стигне на едно големо натпреварување.

Дуелот За двете селекции овој дудел е да се биде или не, откако по 6 кола Словенија е втора во групата Г со 11 бода, додека ние имаме 8 и во случај на победа ќе се изедначиме со Словенците. Почетокот на натпреварот е закажан од 20:45