Академија Пандев ги продаде индивидуално ТВ правата на Спортклуб за следните три сезони за домашните натпревари, објави клубот од Струмица.

Мината сезона комбинирано се емитуваше на МТВ и Аренаспорт, но и покрај најавите оваа сезона ПМФЛ не се емитува на ниту еден од каналите кои ланската сезона ја емитуваа низ директни преноси.

Академија Пандев на својот ФБ профил објави дека правата за следните три сезони, започнувајќи од тековната, ќе се емитуваат на Спортклуб.