Зрињски Мостар се покажа како пресилен залак за Академија Падев во воведниот натпревар од првото коло од квалификациите за пласман во групната фаза во Лига Европа.

На Арената „Тодор Проески“ во Скопје, освојувачот на националниот Куп, загуби од Здрињски Мостар со 3:0.

Екипата од Босна и Херцеговина преку Хаџиќ и преку Мандиќ на полувреме заминаа со предност од 2:0. Во вториот дел гостинот од БиХ уште во 56 минута зголеми на 3:0.

Академија Пандев по 70 минути игра имаше седум удари но ниту еден во рамките на голот на Бркиќ. До крајот успеа само еднаш да бире прецизно од вкупно 15 обиди.

Реваншот во БиХ е закажан за 17 јули, следниот четврток.