Академија Пандев го претстави најновото засилување во зимскиот преоден рок, а тоа е Милан Басрак.

Басрак игра на позицијата напаѓач, а доаѓа од Смедерево. 25-годишниот фудбалер заедно со Ндуе Мујеци ќе го сочинуваат офанзивното дуо на струмичани, кои пак се ослободија од Марио Крстовски кој замина на шест месечна позајмица во Работнички.

Басрак во минатото ги носеше дресовите на Партизани, Катанцаро, Татран Прешов и Напредак од Крушевац.