Академија Пандев ги започна подготовките за новата сезона, ќе има изменет тим, половина од играчите кои настапуваа минатата сезона го напуштија клубот.

Душан Чубраковиќ, Мите Цикарски, Стефан Костов, Ангел Гранчов, Бојан Најденов, Кристијан Стојкоски, Ѓорги Танушев и Ндуе Мујеци следната сезона нема да настапуваат за Академија Пандев.

„Сениорите, стручниот штаб и вработените во среда имаа тестирање за Ковид-19, сите тестови се негативни. По добиените резултати за корона, вчера се одржаа и тестовите за физичка спремност, а од денес старутваме и со два тренинзи на терен и во теретана. Сите играчи се здрави и се на располагање на тренерот Александар Таневски“ – објавија од Академија Пандев.