Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски не е во комбинација кај Мајорка за денешниот натпревар со Реал Сосиедад во Ла Лига.

Според „Марка“, Трајковски нема да биде ниту резерва на оваа средба која започнува од 18-30 часот.

Трајковски настапи за Мајорка на последната средба од Купот на Кралот против Сарагоса, беше стартер но денеска не е во комбинација за првенствениот натпревар.