Македонскиот репрезентативец Егзијан Алиоски се најде во почетниот состав на Лидс за вечерашното гостување против Астон Вила во Бирмингем.

Марсело Биелса започнува со Алиоски, кој влегува во почетниот состав на местото на повредениот Калвин Филипс.

Алиоски во изминатите пет кола, на три пати влегуваше на теренот од клупата за резерви, а ги пропушти воведниот натпревар против Ливерпул и мечот од последното коло против Вулверхемптон.

Лидс и Алиоски вечерва ќе се обидат да ја прекинат импресивната серија на Астон Вила, која има максимални 12 бодови по воведните четири кола во Премиерлигата.