Голманот на Ливерпул е добитник на наградата „Златна самба“ за 2019 година. Наградата ја доделува сајтот Sambafoot, а ја добива најдобриот бразилски фудбалер кој настапува во Европа.

27-годишниот Алисон е прв голман со ова признание, кое во минатото го добивале и Нејмар, Кутињо, Тиаго Силва и други.

Минатата година Алисон со Ливерпул ги освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и клупското светско првенство.