Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер на вчерашниот натпревар против Норич Сити доживеа повреда, по што мораше да го напушти теренот.

Јирген Клоп по натпреварот изрази загриженост за ваквата ситуација, а голманот се огласи на социјалните мрежи по големиот број пораки со поддршка упатени кон него.

„Ви благодарам на пораките со поддршка. Ќе се вратам што е можно побрзо и уште посилен.“, порача Алисон.

Инаку, Ливерпул и Норич Сити ја отворија сезоната 2019/20 во Премиерлигата, одличен натпревар со пет голови и победа на домашните со 4-1.