Манчестер Јунајтед, Астана и Партизан нема да играат на стадионот на АЗ Алкмар на натпреварите од групата Л во Лига Европа.

Дел од покривот на стадионот на Алкмар беше срушен при силен ветер на почетокот на месец август, па од клубот мораа да најдат ново решение.

Холандските медиуми пренесуваат дека клубот ќе мора да реконструира или замени околу 75 проценти од кровот. Поради тоа АЗ Алкмар како домаќин на натпреварите ќе биде на стадионот во Хаг.