Вардар и Монпелје вечерва се среќаваат од 17-30 часот во Скопје, последен меч од групната фаза во конкуренцијата Б во Лигата на шампионите.

Стевче Алушовски го одбра составот со кој ќе се спротистави на тимот од Франција, Горбок и Калараш и покрај настинката ќе настапат вечерва.

Доколку Вардар го победи Монпелје а Мешков Брест  биде подобар од Порто, во тој случај Вардар ќе заврши на 5. место.