Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, ја доби казната од Дисциплинската комисија на Англиската фудбалска федерација.

Анчелоти по средбата меѓу Евертон и Манчестер Јунајтед, од 28. коло на Премиер лигата, влезе во жестока расправија со главниот судија на средбата, сметајќи дека неговиот клуб е оштетен поради непризнатиот гол во судиското надополнување. Поради тоа, судијата му покажа црвен картон и го внесе во записник.

Анчелоти е казнет со парична казна од 8000 фунти или околу 10000 евра.

Тренерот на Евертон подоцна ја призна својата грешка и се извини. Токму поради тоа тој не доби и суспензија, па ќе го води Евертон на средбата од 29. коло против Челзи во Лондон.