Карло Анчелоти одлучи да не менува премногу во составот на Евертон за денешниот натпревар со Арсенал во 18 коло од Премиер лигата.

Новиот менаџер на Евертон одлучи да остане на 4:2:3:1 формацијата во која игра тимот оваа сезона а капитенската лента му припадна на Сигудрсон.

Микел Артета на кормилото на Арсенал ќе дебитира со неочекувана почетна единаесетка. Пепе и Лаказет останаа на клупата за резерви а Сака ќе игра како денес бек.