По паузата поради евроквалификациите, клупскиот фудбал одново ќе биде во фокусот на јавноста во Европа. Викендов во Серија А, дербито ќе се игра во Рим, Лацио е домаќин на Аталанта.

Што се однесува до Наполи и нашиот репрезентативец, Елиф Елмас,осмото коло во Калчо лигата го носи дуелот со Верона.

Според медиумите во Италија, Карло Анчелоти за оваа пресметка ќе се обиде делумно да одмори дел од силите за мечот со Салзбург во Лигата на шампионите.

Елмас заедно со Инсиње, Љоренте и Лозано ќе останат на клупата за резерви.