По ремито со Генк во Лигата на шампионите, Карло Анчелоти решил да направи посериозни измени во почетниот состав на Наполи за викенд пресметката со Торино во Серија А.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ќе биде дел од почетната единаесетка и со ова ќе биде потврдена најавата дека Анчелоти сериозно смета на 20 годишниот плејмејкер.

Елмас од официјалниот почеток на сезоната доби шанса на сите натпревари за Наполи освен во поразот од Калјари од 1:0.

Наполи по шест кола во Серија А е на четвртото место со скор од четири победи и два порази.