Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски повика 23 фудбалери за дуелите со Австрија (16 ноември) и со Израел (19 ноевмри) во евроквалификациите.

Новајлии во составот се Даниел Аврамовски и Никола Ѓорѓев како и Марио Младеновски. По подолго време во репрезентацијата нема ниту еден играч од Шкендија. Поради повреда не е повикан Аријан Адеми.

За пресметката со Австрија суспендирани се Муслиу, Николов и Несторовски. Собирот на репрезентацијата е закажан за во понеделник.