Американската женска фудбалска репрезентација ја победи Англија во полуфиналето на Мундијалот во Франција, за одбрана на титулата ќе игра против подобриот од дуелот, Холандија-Шведска кој е на програмата вечерва.

Пред почетокот на полуфиналето имаше контроверзен вовед, Американците ги шпиунирале фудбалерките на Англија за време на еден од последните тренинзи скриени во шумата во близина на тренинг кампот.

Во една таква атмосфера дополнителна нервоза донесе начинот на кој најдобрата фудбалерка на САД го прослави постигнувањето на вториот гол, Алекс Морган, имитираше начин на пиење на чај, со што ја омаловажи долгата култна англиска традиција .

Англичаните ова го доживеаа како класична провокација од страна на Морган.