Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд постигна гол на мечот со Келн и го запиша својот 15. погодок во Бундеслигата, тој е најмлад играч во историјата на фудбалот со ваков ефект во Германија.

Санчо има 19 години и 151 ден, во 70 минута постигна гол против Келн, претходниот рекорд беше во сопстевност на Хорст Кепел од 1967 година, но Англичанецот е помлад од Кепел за 34 дена.

Санчо во Борусија Дортмунд дојде во 2017 година од Сити за 8 милиони евра, сега неговата вредност изнесува 150 милиони на трансфер пазарот.