Поранешниот репрезентативец на Англија, Алан Ширер и поранешниот репрезентативец на Франција, Тјери Анри се првите двајца кои добија почесно место во новоформираната „Куќа на славните“ во Премиер лигата.

Двајцата напаѓачи имаа незаборавни настапи за Арсенал, Њукасл и за Блегбурн. Анри се уште е најдобар стрелец во историјата на Арсенал додека Ширер е најдобар стрелец во историјата на сите времиња во Премиер лигата.