Милан го потврди договорот со Анте Ребиќ, две години ќе биде член на клубот од Милано како позајмен играч од Ајнтрахт Франкфурт.

Хрватскиот репрезентативец го одбра дресот со број 18, Ребиќ има искуство во калчото, настапуваше за Фиорентина и Верона. Милан ќе му исплаќа 3 милиони евра  годишно плус бонуси.

Ребиќ е девети Хрват кој ќе го носи дресот на славниот Милан.