Следниот период се очекува Антонио Конте да биде промовиран во нов тренер на Тотенхем, тврди „Мирор“.

Италијанецот ќе има добар фонд за засилувања, но добил и ветување дека Хари Кејн ќе остане во клубот. Конте сака од Интер да ги „украде“ Иван Перишиќ и Кристијан Ериксен, на листата на желби му е и Милан Шкрињар.

Покрај овие тројца од Интер, желба на трансфер пазарот се и Жиру и Немања Матиќ.