Македонската фудбалска репрезентација , во полна пареа се подготвува за вториот натпревар од ЕУРО 2020 , против репрезентацијата на Украина.

Ова е клучен натпревар за Македонските репрезентативци во борбата за пласман во втората рунда.

Интересен податок доаѓа денеска од Букурешт , односно делегиран е главниот судија за мечот Македонија-Украина. Не би било ништо чудно тоа доколку не се знае фактот дека натпреварот ќе го води Аргентинскиот судија Фернандо Андрес Рапалини. Интересен куриозитет е ова делегирање на судија од Јужна Америка на ЕУРО 2020 , но се надеваме дека Рапалини ќе ни донесе повеќе среќа отколку Шведскиот судија Екверг.