Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми со Динамо Загреб ја заверија 22 титула во фудбалското првенство на Хрватска, што беше четврта титула во низа, за уште една потврда на доминацијата на овој клуб.

Со ова Адеми се издвои во Динамо Загреб и се запиша во клупската историја како првиот со десет титули во овој клуб во најсилната лига на Хрватска.