Потегот со кој привлече внимание и го навлече гневот на македонските навивачи, може да го чини Мирко Арнаутовиќ суспензија од 10 меча за националниот тим на Австрија.

Мирко Арнаутовиќ со навредливи зборови, наводно на националистичка основа се обрати кон Езџан Алиоски на мечот од првото коло на ЕУРО, ФФМ го пријави инцидентот, сега УЕФА според прописите може да го суспендира десет и повеќе натпревари репрезентативецот на Австрија.

УЕФА  ако утврди дека Арнаутовиќ го навредил нашиот  Алиоски на националистичка основа, според дисциплинскиот правилник треба  да добие санкција од најмалку десет натпревари.