Марко Арнаутовиќ го убеди Вест Хем да го пушти во кинески Шангај СИПГ за трансфер вреден 25 милиони евра.

Иако детали од договорот не се познати, се шпекулира дека тој договорил годишна плата од 7 милиони евра.

Напаѓачот бараше од клубот да го продадат бидејќи добил богата понуда од Кина, меѓутоа Пелегрини се противел на ваквото барање на играчот.

Како што јавуваат светските медиуми, на крајот Арнаутовиќ успеал да добие трансфер, но очигледно од довчерашниот клуб се уште му се лути бидејќи во потврдата за неговото заминување, од нив нема ниту едно благодарам за фудбалерот.