Управата на шампионот на Германија ќе го врати Арсен Венгер од пензија со што ќе го реши проблемот со празното менаџерско столче.

Германските медиуми пренесуваат дека поранешниот тренер на Арсенал е подготвен да го води Баерн но тоа да биде само краткорочно решение.

Управата на „Баварците“ треба да потпише договор со 70 годишниот Венгер до јуни 2020 а во меѓувреме да најде долгорочно решение.

Венгер е без работа од 2018 година кога реши да си замине од Арсенал по 22 години поминати на кормилото на „Топџиите“.