Фудбалскиот клуб Арсенал денеска го претстави и Вилијам Салиба централен дефанзивец кој доаѓа од редовите на францускиот Сент Етјен.

Младиот Салиба кој има 18 години пристигнува на „Емирати“ за сума од 30 милиони евра, но следната сезона ќе ја помине повторно на позајмица во неговиот досегашен клуб.

Презадоволни сме што Вилијам ни се приклучи. Многу тимови го посакуваа, но тој одлучи да дојде кај нас и да биде дел од нашата иднина. Тој ќе остане во Франција следната сезона за да се стекне со повеќе искуство, а потоа ќе работиме заедно“ изјави тренерот на Арсенал, Унаи Емери.