Сапуницата околу трансферот на францускиот фудбалски репрезентативец Антоан Гризман заврши откако адвокатот на напаѓачот пристигна во канцелариите на Ла Лига и ја активираше откупната клаузула од 120 миилиони евра за едностран прекин на соработката со Атлетико Мадрид.

Неколку часа подоцна пристигна официјално соопштение од Барселона дека Французинот стави потпис на петгодишен договор со Каталонците.

Но Атлетико Мадрид не мисли така и не се помирува со начинот на кој Антоан Гризман се пресели на “Камп Ноу”.

Клубот од „Ванда Метрополитано“ најави тужба и порача дека сумата од 120 милиони евра која Барселона ја плати за фудбалерот.

Од Атлетико Мадрид сметаат дека Барселона треба да плати 200 милиони евра, односно бројката која стоеше во откупната клаузула на напаѓачот пред 1. јули. Антоан Гризман според нив се договорил со Барса уште во март и изразил желба да замине во мај, кога откулната клаузула била 200 милиони евра, па затоа „каталонците“ треба да ја платат оваа сума.