Атуелниот првак на Европа, Ливерпул пред полни трибини на „Енфилд Роуд“ ќе се обиде да ја анулира негативата од 1:0 од гостувањето кај Атлетико Мадрид во обидот да стигне до четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Јирген Клоп за денешниот натпревар одлучи да го изостави Фабињо од почетната единаесетка а Гомез доби предност во однос на Матип.

Диего Симеоне и покрај тоа што најави дека размислува само на одбрана, одлучи во почетната единаесетка да ги постави Жоеа Феликс и Диего Коста.