Реал Мадрид на својата страна официјално ги објави бројките на дресовите кои ќе ги носат фудбалерите.

Еден Азар му ја „зема“ 7 на Кристијано Роналдо во дресот на „кралевите“.

Азар во Челзи го носеше бројот 10, но тој број во Реал му припаѓа на капитенот на хрватската репрензентација Лука Модриќ.

Седмицата со која се задолжи новата ѕвезда на „кралевите“, години наназад го носеше Кристијано Роналдо, а претходно и легендата на Реал Мадрид, Раул.