Баерн го претстави комплетот дизајниран по повод 120-годишницата на клубот, кој е основан на 27 февруари 1900 година.

Со овој комплет на Адидас клубот од Минхен ќе ја одигра домашната средба со екипата на Аузбург од 25. коло на Бундеслигата, која ќе се одигра на 8 март.