Баерн Минхен набрзо ке наименува нов тренер, избор има со оглед на фактот дека има слободни тренери.

Прв на листата е Жозе Мурињо, ова според Францускиот „ L’Equipe“ кој го фаворизира Португалецот за анследник на Нико Ковач.

Следен е Арсен Венгер, тој е слободен тренер во моментов и има желба за работа, искуство и квалитет кој му е потребен на шампионот на Шпанија.

Актуелниот тренер на Ајакс, Ерик Тен Хаг е исто така една од желбите, но тој има договор со шампионот на Холандија до 2022 година.

Италијанецот Масимилијано Алегри  е дел од шесте тренери кои  се пред потпис со Баерн, има големи пријатели во раководството на гигантот од Германија и можеби е најдобрата варијанта за клубот од Минхен.

Изненадувачки во комбинација е актуелниот помошник кај Баерн, Ханси Флик, тој нема големо искуство но го знае тимот и капацитетот на екипата. Иако е на листата, Ралф Рагник  е најголемиот аутсајдер, поранешниот тренер на Лајпциг нема изгледни шанси за клупата на Баерн.