Двете најуспешни екипи од Лигата на шампионите и Европа лигата, Баерн Минхен и Севилја вечерва на „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта ќе го одиграат натпреварот во Суперкупот на УЕФА, шанса за прв трофеј.

УЕФА ги објави можните состави за двата тима, не очекува спектакл на овој  натпревар во кој Баерн Минхен влегува како фаворит.

Германскиот шампион само еднаш победил во Суперкупот на УЕФА, загубил три пати, игра по петти пат.

Севилја по шести пат се бори за трофејот во Суеркупот, го освои еднаш, за прв пат игра со германска екипа.

Натпреварот се игра од 21 часот во Будимпешта.