Баерн Минхен официјално се раздели со три свои играчи, причините се различни, но Алаба, Боатенг и Чави Мартинез од следната сезона нема да го носат дресот на германскиот великан.

Алаба ќе се пресели во Реал Мадрид, Мартинез и Боатенг немаат клубови.

Со пораката „Легенди засекогаш“, Баерн се раздели со овие тројца, Алаба играше од 2010 година за клубот од Минхен, тој е член на австриската репрезентација.

Мартинез запиша 164 настапи за Баерн Минхен додека Боатенг од 2011 година до денес настапи на 228 меча.