Актуелниот европски првак Баерн Минхен очекувано доминираше во изборот на УЕФА за најдобрите во изминатата сезона во која „баварците“ на супериорен начин стигнаа до круната.

Мануел Нојер е избран за најдобар голман, Џошуа Кимих е прогласен за најдобар дефанзивец, додека нивниот соиграч Роберт Левандовски ја понесе наградата за најдобар напаѓач.


Стратегот на Баерн Ханси Флик ја освои наградата тренер на годината.

За да не биде апсолутно се во знакот на Баерн се погрижи играчот на Манестер Сити Кевин де Брујне  кој ја понесе наградата најдобар играч од средниот ред.