Баерн Минхен е на чекор до нова титула во Бундеслигата, по денешната победа над Леверкузен со 4-2, но на овој меч избраниците на Флик срушија и неколку рекорди.

Баерн со овие четири погодоци сезонава има вкупно деведесет гола, по само 30.кола со што влегоја во историјата на Бундеслигата со ваков учинок.

Левандовски со денешниот гол во 66.минута стигна до бројката триесет оваа сезона и практички 1/3 од погодоците сезонава се негово дело. Ова му е трета ваква сезона по оние во 2015/16 и 2016/17.

Додатна причина за славење имаше и Томас Милер, кој со две асистенции го изедначи рекордот на Кевин Де Бруин по асистенции во сезоната 2014/15, кога Белгиецо запиша дваесет во таа сезона.