Македонсиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди ќе биде дел од почетниот состав на Леванте за дуелот со Валенсија од Ла лига закажан за утревечер од 22 часот.

Според „Марка“ Барди ќе добие шанса од првата минута во обидот на Леванте со победа да ја продолжи оваа сезона.

Во 28 коло, Мајорка ќе ја дочека Барселона. Овој натпревар е закажан за вечерниот термин од 22 часот во сабота. Александар Трајковски не е најавен во почетниот состав на домаќините.