Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, денеска го објави списокот на играчи кои ќе настапат на средбите со Словенија и Полска во рамки на квалификациите за ЕП.

Селекторот Ангеловски направи една промена за разлика од мечевите против Израел и Летонија, а на местото на Кире Марковски во селекцијата се враќа фудбалерот на Вардар, Кристијан Тошевски.

Натпреварот со Словенија го играме во Скопје на 10 октомври, треи дена подоцна се среќаваме со Полска во Варшава.

Македонија во квалификациите за ЕП 2020 во моментов е на 4. место во групата Г со 8 бодови, прва е Полска со 13 бода, следуваат, Словенија со 11, Австрија со 10, зад Македнија е Израел со ист број на бодови, последна е Летонија без бодови.