Енис Барди е стартер во составот на Леванте за средбата со Леганес која започнува од 13 часот.

Македонскиот репрезентативец со Леванте сака да ја прекине црната серија, имаат четири порази, три во Ла Лига и еден во Купот на Кралот на последните четири средби.

Ова е воедно и шанса за Барди да се запише во листата на стрелците, нема постигнато гол од 14 декември минатата година кога погоди на средбата со Гранада која Леванте ја доби со 2-1 на гости.