Леванте врза две победи во новата сезона во Ла лига откако вечерва го совлада Валјадолид со 2:0 на домашен терен.

Нашиот репрезентативец, Енис Барди доби шанса во второто полувреме. Плејмејкерот влезе во 78 минута на местото на Мајорал при резултат 0-0.

На ова следуваа двата гола на домаќините, прво Леон реализираше во 83 минута а Мораеш реализираше за 2:0 во третата минута од судиското продолжение.