Македонскиот репрезентативец, Енис Барди ќе биде во почетниот состав кај Леванте против Реал Сосиедад вечерва од 19 часот.

Според најавите на „Марка“, Барди ќе почне од првата минута на средбата, нашиот репрезентативец е еден од клучните играчи кај екипата од Валенсија сезонава во Ла Лига.

Реал Сосиедад е на четвртото место на табелата, во серија од две победи е во низа, Леванте е во долниот дел на табелата, на 14. место, има два порази во низа.