Во рамки на 36. коло на шпанска Ла Лига, вечерва Леванте ќе ја пречека на домашен терен големата Барселона.

Во стартниот состав на домашниот тим се најде очекувано македонскиот репрезентативец, Енис Барди кој досега за двапати се покажа како голема закана за тимот од „Камп Ноу“.

За потсетување, пред три години, Барди постигна два од петте тогаш погодоци за Леванте, кои во тој дуел славеа против фаворитот со резултат 5:4