Барселона го доведе 17-годишниот турски играч за врска Емре Демир.

Демир пристигна во Барселона од турски Кајсериспор за откупна клаузула од два милиони евра и неколку дополнителни милиони преку разни бонуси.

Тој потпиша договор до 2027 година со откупна клаузула од 400 милиони евра. Оваа сезона, Демир ќе игра за Барселона Б.