Каталонскиот гигант, Барселона доведе 16. годишно момче од ВБА, сонот на Луи Бери се исполни и тој станува член на славниот клуб од Шпанија.

Бери ги одби понудите од ПСЖ и Арсенал, се приклучува на Барселона, важи за еден од најталентираните играчи на оваа возраст во Европа игра на позицијата напаѓач.

Роден е во Бирмингем и од својата шеста година игра за ВБА. Барселона потврди дека Бери ќе настапува за екипата до 19 години, тој потпишал договор на три години .