Лионел Меси поради повреда пред време го заврши вчерашниот дуел со Вилјареал и првичните прогнози за евентуалниот кам-бек на напаѓачот беа разочарувачки за навивачите на Барселона.

По денешните детални прегледи било утврдено дека станува збор за повреда на мускулот на левиот бут, поточно повреда на адукторот.

Според шпанските медиуми ова значи дека Меси со сигурност ќе го пропушти дуелот со Гетафе а можно е да биде недостапен и за дуелот со Интер во Лигата на шампионите.

Сепак најавата дека нема да игра фудбал најмалку до нова година е демантирана и Меси ќе се врати порано во тимот на Валверде од првичната прогноза.