Шпанскиот фудбалски првак, Барселона ја потврди најновата зделка со Валенсија. Бразилскиот голман Нето од денеска е нов член на каталонскиот гигант.

Барселона на Валенсија за трансферот на Нето и плати 26 милиони евра со дополнителни бонуси. Нето доаѓа на местото на Силесен кој премина во таборот на „лилјаците“ и ќе му биде прва замена на Тер Штеген.